• петок, 05 декември 2025

Фидан: Турција нема да дозволи регионалните тензии да го засенат геноцидот во Газа

Фидан: Турција нема да дозволи регионалните тензии да го засенат геноцидот во Газа

Анкара, 3 јули 2025 (МИА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Анкара нема да дозволи регионалните тензии да го одвлечат вниманието од геноцидот што се случува во Газа.

Фидан го кажа тоа на средба со делегација од Хамас, предводена од Мохамед Исмаил Дарвиш, претседател на Генералниот совет на движењето, јави Анадолија.

Средбата беше фокусирана на најновите развои во преговорите за прекин на огнот и хуманитарната ситуација во Газа.

Фидан нагласи дека приоритет на Анкара останува запирање на масакрот во Газа и итна испорака на хуманитарна помош. Тој повтори дека Турција ја смета Палестина како целина – Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим – и дека Анкара ќе продолжи да ја поддржува борбата за независност на Палестинците. ссм/

фото: архива

Остани поврзан