• петок, 22 ноември 2024

ФИА: Над 3.000 компании во ФБиХ немаат вработени

ФИА: Над 3.000 компании во ФБиХ немаат вработени
Сараево, 26 мај 2021 (МИА) - Повеќе од 3.000 компании во Федерацијата Босна и Херцеговина немаат вработени во нивните финансиски извештаи, соопшти Финансиско информатичка агенција (ФИА). ФИА направи анализа за влијанието на пандемијата Ковид-19 врз работењето на компаниите во ФБиХ, користејќи податоци од Регистарот на финансиски извештаи за 2019 и за 2020 година. На крајот на минатата година, во ФБиХ работеле вкупно 23.244 компании, 584 помалку отколку во 2019 година. Според анализата, бројот на вработени во претпријатијата во ФБиХ се намалил за 16.704 работници (4,57 проценти) во споредба со претходната година. Финансиски извештаи поднеле 34.744 даночни обврзници во деловната 2020 година, а 3.049 компании претставиле нула вработени во своите извештаи. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан