• среда, 17 април 2024

„Фиат уно“ излета од патот кај Пирава, загина возачот

„Фиат уно“ излета од патот кај Пирава, загина возачот

Скопје, 2 јуни 2023 (МИА) - На патен правец од с.Јосифово кон с.Пирава, Валандовско, патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(56) од с.Пирава, излетало надвор од патот при што на местото на несреќата починал возачот.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила вчера, а била пријавена околу 10.35 часот.

-Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Увид извршиле увидна екипа од Полициска станица Валандово и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција, наведуваат од МВР. вг/лв/

 

Фото: МИА Архива

Остани поврзан