• петок, 22 ноември 2024

Фестивалски активности на 14. издание на „МакеДокс“

Фестивалски активности на 14. издание на „МакеДокс“

Скопје, 20 август 2023 

Викенд-програмата на 14. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“, што се одржува од 17 до 24 август во Скопје, ги активираше сите локации за филмски проекции и за активностите од програмата „Македокс+“.

Главната програма и кратки документарци се прикажуваат на големото платно во Куршумли-ан, додека програмата „Земја во фокус – Данска“ беше отворена во Куршумли-ан, а продолжи во просторот на Сули-ан, кој годинава за првпат е фестивалска локација на „Македокс“. Младинско-детската програма се прикажува во МКЦ, додека Студентската програма главно се одвива на платото пред Музеј на Македонија.

Во текот на викендот акцент беше ставен на мастеркласовите, кои се одржуваат во Даутпашиниот амам при Националната галерија. На 19 август мастерклас одржа хрватскиот монтажер Владимир Гојун, кој беше фокусиран на повеќе прашања што се отвораат на монтажерската маса. Модератор на разговорот со него беше Петра Селишкар, уметнички селектор на програмата на „МакеДокс“.

Разговорот со него почна со сеќавања од детството, а Гојун откри дека уште како дете многу сакал да гледа филмови, а често се случувало во текот на еден ден да изгледа по 3-4 филма. Како тинејџер мислел дека ќе стане филмски режисер, но сепак, кога се запишувал на филмската академија во Загреб, се одлучил за одделот за монтажа.

- Сакав да влезам во нешто непознато, нешто што не го знам. Не станав режисер, но имаше многу предности да бидеш монтажер – рече Гојун.

Тој додаде дека сѐ уште ја чувствува фасцинацијата од магијата на филмот и склопувањето на филмските кадри во една целина. Работи како доцент на Академијата за драмски уметности во Загреб, на одделот за филмска монтажа, и рече дека не знае дали е добар професор, бидејќи на своите студенти не им држи предавања со зборови, туку секогаш се обидува да им ги пренесе сите свои искуства за процесот на монтажа.

За своите многубројни искуства со различни филмови и автори Гојун рече дека некогаш процесот на монтажа е бавен, бидејќи за да ја најде и да ја претстави вистинската страна на приказната е потребно монтажерот многупати да го изгледа целиот материјал, да ја најде суштината на приказната, да го дефинира карактерот на протагонистите и да ја внесе целата своја креативност во нижењето на структурата на филмот. Кога ќе се најде пред непремостлива пречка монтажерот треба да се надмине себеси, да ги помести границите на монтажата и да трага по решенија што ќе го доведат филмот до неговиот крај. Исто така, истакна дека сите сегменти на монтажата (слика, звук, музика, тонски дизајн) мора да функционираат компатибилно, бидејќи сите тие се важни за восприемањето на целиот филм.

- Секој филм е базиран на колективна работа и придонесот на сите чинители е исклучително важен за финалната верзија на филмот – заклучи Гојун.

Од 18 до 20 август се одвива и работилницата за монтажа со наслов „Трагајќи по слоевите“. Со работилницата раководат светски познатиот дански монтажер Јеспер Осмунд заедно со данскиот критичар Ту Стин Милер. Работилницата е наменета за четири избрани филмаџии/тимови со проект што моментално е во процес на монтажа, а данските експерти ќе помогнат да се разбере внатрешноста на приказната, да се обликуваат нејзините контури и да се развијат посилни емоционални перипетии.

Најзначаен сегмент на програмата на „Македокс“ во попладневните часови се „Разговори под смоквата“, каде учествуваат речиси сите фестивалски гости. На разговорите што се одржуваат секој ден од 18 до 20 часот, авторите ги претставуваат своите филмови, разменуваат искуства со колегите од други држави и имаат можност да остварат директен контакт со фестивалската публика.

Петтото издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи од 21 до 23 август во Младинскиот културен центар. Првиот ден од форумот ќе биде посветен на монтажата со презентација на 4-те проекти од работилницата за монтажа. Потоа ќе се одржи панел-дискусија помеѓу монтажери и продуценти од Балканот. Претставниците од балканските филмски центри и оваа година се дел од Форумот и тие ќе одржат презентација на можностите за постпродукција и копродуцирање. На 22 август, 11 проекти во различни фази на продукција од Балканот, меѓу кои и два македонски, ќе имаат пичинг и еден-на-еден состаноци со филмски професионалци и гости на фестивалот.

Со проекција на 21 август во Куршумли-ан ќе се одржи македонската премиера на креативниот документарен филм „Тело“ (Body) на режисерката и сценарист Петра Селишкар. Станува збор за најново документарно остварување на авторка која досега на „МакеДокс“ ги претставила филмовите „Мојот превртен свет“, „Мама Европа“ и „Бабички на револуцијата“. Светската премиера на „Тело“ се одржа на 14 август на филмскиот фестивал во Сараево. Главната протагонистка во филмот, Уршка, веќе е дојдена во Скопје за да присуствува на македонската премиера.

Филмот „Тело“ е копродукција помеѓу Словенија, Хрватска и Северна Македонија со поддршка од Словенечкиот филмски центар, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Агенција за филм на Република Северна Македонија, „Еуримаж“, Програмата Медиа на „Креативна Европа“, Pегионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Светски дистрибутер на филмот е „Лајтдокс“ (Lightdox).

Годинава фестивалот „МакеДокс“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Министерството за култура, Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, Чешката Амбасада во Скопје, Чешкиот културен цeнтар во Софија, Амбасадата на Кралството Шпанија, Францускиот институт, Грчкиот културен центар, Данскиот филмски центар, МЕДИА деск МК, „Вардар филм“, Младинскиот културен центар, Музеј на РСМ, Археолошки музеј, Факултетот за ликовни уметности, Националната галерија на РСМ, такси „Глобал“.

Медиумски покровители на „МакеДокс“ се МТВ - Прв програмски сервис, Слободен печат, Нова Македонија, Еспресо.мк, МКД.мк, УМНО.мк, СДК.мк (Сакам да кажам.мк), Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк, Кајгана Медиа и Култура Бета.

Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација.

пје, 20 август 2023 (МИА) - Викенд-програмата на 14. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“, што се одржува од 17 до 24 август во Скопје, ги активираше сите локации за филмски проекции и за активностите од програмата „Македокс+“.

Главната програма и кратки документарци се прикажуваат на големото платно во Куршумли-ан, додека програмата „Земја во фокус – Данска“ беше отворена во Куршумли-ан, а продолжи во просторот на Сули-ан, кој годинава за првпат е фестивалска локација на „Македокс“. Младинско-детската програма се прикажува во МКЦ, додека Студентската програма главно се одвива на платото пред Музеј на Македонија.

Во текот на викендот акцент беше ставен на мастеркласовите, кои се одржуваат во Даутпашиниот амам при Националната галерија. На 19 август мастерклас одржа хрватскиот монтажер Владимир Гојун, кој беше фокусиран на повеќе прашања што се отвораат на монтажерската маса. Модератор на разговорот со него беше Петра Селишкар, уметнички селектор на програмата на „МакеДокс“.

Разговорот со него почна со сеќавања од детството, а Гојун откри дека уште како дете многу сакал да гледа филмови, а често се случувало во текот на еден ден да изгледа по 3-4 филма. Како тинејџер мислел дека ќе стане филмски режисер, но сепак, кога се запишувал на филмската академија во Загреб, се одлучил за одделот за монтажа.

- Сакав да влезам во нешто непознато, нешто што не го знам. Не станав режисер, но имаше многу предности да бидеш монтажер – рече Гојун.

Тој додаде дека сѐ уште ја чувствува фасцинацијата од магијата на филмот и склопувањето на филмските кадри во една целина. Работи како доцент на Академијата за драмски уметности во Загреб, на одделот за филмска монтажа, и рече дека не знае дали е добар професор, бидејќи на своите студенти не им држи предавања со зборови, туку секогаш се обидува да им ги пренесе сите свои искуства за процесот на монтажа.

За своите многубројни искуства со различни филмови и автори Гојун рече дека некогаш процесот на монтажа е бавен, бидејќи за да ја најде и да ја претстави вистинската страна на приказната е потребно монтажерот многупати да го изгледа целиот материјал, да ја најде суштината на приказната, да го дефинира карактерот на протагонистите и да ја внесе целата своја креативност во нижењето на структурата на филмот. Кога ќе се најде пред непремостлива пречка монтажерот треба да се надмине себеси, да ги помести границите на монтажата и да трага по решенија што ќе го доведат филмот до неговиот крај. Исто така, истакна дека сите сегменти на монтажата (слика, звук, музика, тонски дизајн) мора да функционираат компатибилно, бидејќи сите тие се важни за восприемањето на целиот филм.

- Секој филм е базиран на колективна работа и придонесот на сите чинители е исклучително важен за финалната верзија на филмот – заклучи Гојун.


МакеДокс

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан