• вторник, 24 декември 2024

Фестивалот „Здраво млади“ на 3 септември во МКЦ

Фестивалот „Здраво млади“ на 3 септември во МКЦ
Скопје, 6 април 2022 (МИА) - Од денеска се во продажба билетите за 12-то издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади“, што ќе се одржи на 3 септември во паркот на Младинскиот културен центар (МКЦ). Од МКЦ за годинешното издание го најавија бендот „Deerhoof“, калифорниската нојз панк група оформени во 1994 година. -Со над 18 космички албуми кои се истовремено и експериментални и поп, „Deerhoof“ отсекогаш трагале по смели приказни и радикални звуци, создавајќи во процесот свој револуционерен јазик за разбирање со публиката. Нивниот албум од 2020 насловен како „Future Teenage Cave Artists“, критичарите го оценија како омниприсутен, илустрација на лична бајковита визија од постапокалиптични мелодии кои одзвонуваат во глава, украсен со крајно невообичаени дигитални методи на снимање. Неговото продолжение „Love-Lore“ пак, претставува мозаично љубовно писмо со обработки од песни во живо на артисти како „Parliament“, „Sun Ra“, „Stockhausen“, канализирани во анти-тоталитарни пораки кои го инспирирале бендот, соопштија од тимот на МКЦ. Инаку, дизајнот кој оваа година ќе го краси фестивалот е дело на македонскиот уметник Гоце Илиевски. Билетите за овогодишното издание на фестивалот може да се набават онлајн преку „bileti.mkc.mk“ или на билетарницата на МКЦ.бт/са/ https://www.youtube.com/watch?v=9d3T_A5jD0c&ab_channel=JoyfulNoiseRecording

Остани поврзан