• петок, 05 декември 2025

Фернандеш: Доколку требаше да изведам решавачки пенал во финале на ЛШ, би му го препуштил на Роналдо

Фернандеш: Доколку требаше да изведам решавачки пенал во финале на ЛШ, би му го препуштил на Роналдо

Манчестер, 13 септември 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, го именуваше играчот со кој некогаш бил во ист тим и на кого би му верувал да го изведе решавачкиот пенал во финале на Лигата на шампионите.

- Тоа е лесно. Кристијано Роналдо. Мислам дека тој е личноста што повеќето луѓе во фудбалскиот свет веројатно би ја избрале. Само поради начинот на кој се справува со стресот, поради неговата 20-годишна кариера на највисоко ниво и поради неговата конзистентност година по година, изјави Фернандеш.

За време на својата кариера, 40-годишниот Роналдо реализирал 178 од 211 пенали. 

Од јануари 2023 година, Португалецот игра за Ал-Наср од Саудиска Арабија. Претходно играл и за Манчестер јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и Спортинг. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан