Феникс ќе биде домаќин на НБА Ол-стар натпреварот во 2027 година
- Салата на Феникс Санс - „Футпринт центар“ има капацитет од 18.422 седишта. Иако Ол-стар натпреварот стана помалку конкурентен во последниве години и стана повеќе спектакл, домаќинството и слични настани сè уште се сметаат за сериозна чест за градовите низ САД.
Феникс, 8 март 2024 (МИА) - Феникс, Аризона ќе биде домаќин на НБА Ол-стар натпреварот во 2027 година, соопштија денеска од лигата.
- Нашите свечености во 2027 година ќе ја покажат љубовта на Феникс кон сите работи во кошарката. И не би можеле да бидеме повозбудени во моментов бидејќи работиме со претседателот на клубот, Мет Ишбија и целата организација во клубот за она што сакаме да биде незаборавна прослава на нашиот спорт, рече комесарот на НБА, Адам Силвер на прес-конференција во градот.
Салата на Феникс Санс - „Футпринт центар“ има капацитет од 18.422 седишта. Иако Ол-стар натпреварот стана помалку конкурентен во последниве години и стана повеќе спектакл, домаќинството и слични настани сè уште се сметаат за сериозна чест за градовите низ САД.
Овогодинешното издание се одржа во февруари, а тимот на Источната конференција го совлада Западот со 211-186 во Индијанаполис, што донесе и рекорд по бројот на постигнати поени на ова ривалство.
Сан Франциско ќе биде домаќин во 2025 година, а Инглвуд, јужно од Лос Анџелес, ќе биде домаќин на средбата во 2026 година. Овој град е дом и на новата домашна арена на Лос Анџелес Клиперс, која моментално се уште се реновира. дс
Фото: НБА