• понеделник, 23 декември 2024

Фенербахче може да се повлече од турското првенство

Фенербахче може да се повлече од турското првенство

Истанбул, 19 март 2024 (МИА) - Управниот одбор на Фенербахче може да донесе одлука за повлекување од актуелниот турски шампионат, објавено е на клупскиот сајт на тимот од Истанбул.

За ова прашање ќе се разговара на следниот состанок на бордот на директори, кој ќе се одржи на 2 април.

- Проценка на активностите што треба да се преземат, вклучително и повлекувањето на нашиот фудбалски тим А од Супер лигата, врз основа на настаните што се случија на натпреварот одигран ноќта на 17 март 2024 година и неодамнешните настани во турскиот фудбал, е една од точките на претстојниот состанок.

Навивачите на Трабзонспор на 17 март ги нападнаа играчите на Фенербахче по натпреварот од 30. коло на турскиот шампионат. Навивачите истрчаа на теренот и започнаа физичка пресметка со гостинските фудбалери. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан