• петок, 22 ноември 2024

Фелпс: Генерално, многу сум разочаран од резултатите на пливачите на САД на Олимпијадата

Фелпс: Генерално, многу сум разочаран од резултатите на пливачите на САД на Олимпијадата

Париз, 8 август 2024 (МИА) – Дваесет и трикратниот олимписки шампион во пливање Американецот Мајкл Фелпс го сумираше настапот на машкиот пливачки тим на САД на Олимпијадата во Париз.

- Што се однесува до мене, генерално многу сум разочаран од резултатите на тимот, иако имаше неколку извонредни трки. И ова мора да се препознае. Се надевам дека спортистите ќе бидат поподготвени да се натпреваруваат во 2028 година. Една од работите за кои секогаш зборував во последните неколку години е дека остатокот од светот нè стигнува. Мислам дека многу од она што го правевме како земја долго време е она што другите го прават сега, изјави Фелпс „USA Today“.

Во исто време, легендарниот американски пливач го истакна настапот на Боби Финк во 1.500 метри слободно, што му овозможи да освои злато и да постави нов светски рекорд.

-Тоа беше една од најголемите трки на Олимпијадата, според мене. Соборувањето на светски рекорд како што го направи тој вреди многу, додаде Фелпс.

Севкупно, тимот на САД на Олимпијадата во Париз освои 28 медали во пливање - 8 златни, 13 сребрени и 7 бронзени. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан