• понеделник, 23 декември 2024

Фелаини спаси легендарен белгиски клуб од банкрот

Фелаини спаси легендарен белгиски клуб од банкрот
Лиеж, 30 април 2020 (МИА) - Поранешниот белгиски репрезентативец Маруан Фелаини уште еднаш ја докажа важноста на поддршката на луѓето за време на пандемијата од коронавирус. Играчот од средниот ред се избори со смртоносната зараза пред 2 недели, а сега спаси и еден од неговите поранешни клубови Стандард Лиеж, кој беше во опасност од банкрот. Триесет и две-годишниот играч од средниот ред донираше 3 милиони евра од џебот и му помогна да преживее финансиски. Стандард е првиот негов професионален клуб. Таму играше помеѓу 2006 и 2008 година. Потоа настапуваше за Евертон и Манчестер Јунајтед пред да премине во кинески Шандон Луненг.

Тагови

Остани поврзан