• недела, 24 ноември 2024

Фезер: Контролите на границите ќе продолжат додека не се најде решение на европско ниво

Фезер: Контролите на границите ќе продолжат додека не се најде решение на европско ниво

Луксембург, 10 октомври 2024 (МИА) - Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер денеска изјави дека нејзината земја ќе продолжи да ја спроведува контролата на границите додека не се најде решение на европско ниво за спречување на илегалната миграција, јави ДПА.

„Ќе мораме да вршиме гранични контроли во Германија додека не најдеме европски решенија за подобра заштита на надворешните граници“, рече Фезер.

Таа учествуваше на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од ЕУ во Луксембург, посветен на контролата на миграцијата. Фезер рече дека стапувањето во сила на пактот на ЕУ за миграција и азил ќе биде нејзин приоритет. ѓ

Пактот создава нови правила за построгиот пристап на ЕУ кон миграцијата.

„Германија води „близок дијалог“ со Европската комисија за да го придвижи спроведувањето на пактот“, додаде Фезер. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан