• понеделник, 23 декември 2024

Фезер: Германија проивремено ја враќа граничната контрола за Европското првенство во фудбал

Фезер: Германија проивремено ја враќа граничната контрола за Европското првенство во фудбал

Берлин, 26 март 2024 (МИА) - Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер најави дека привремено ќе бидат обновени проверките на сите граници на Германија за време на Европското фудбалско првенство летово.

„За времетраењето на првенството привремено ќе вршиме проверки на сите германски граници за да спречиме влез на територијата на земјата на луѓе склони кон акти на насилство“, рече Фесер во интервјуто објавено денеска во „Рајнише пост“.

Според неа, мерката е неопходна за да се обезбеди најдобра можна заштита на важниот меѓународен настан.

„Акцентот ќе биде ставен на заштитата од екстремисти, хулигани и други сторители на насилни акти, важен фокус ќе биде и безбедносната мрежа од кибер напади. Нашиот фокус е најмногу на овие актуелни закани“, рече Фезер.

Евро 2024 започнува во Германија на 14 јуни. Финалето е на 14 јули.

Меѓутоа, во последниве години, Германија повеќе пати го искористи своето право да ги заостри граничните контроли поради зголемениот прилив на мигранти и баратели на азил.

Проверките беа вратени и на границата со Австрија во 2015 година, каде што остануваат на сила и до денес. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан