• недела, 22 декември 2024

Февруарската инфлација во Албанија е 7,1 отсто 

Февруарската инфлација во Албанија е 7,1 отсто 

Тирана, 8 март 2023 (МИА) – Во Албанија инфлацијата, покажа знаци на забавување и во февруари годинава, што е четврт месец по ред нивото од кога бележи благо опаѓање. 

Институтот за статистика (ИНСТАТ)  денеска го објави индексот на трошоците на животот, според кој промената на цените на потрошувачката во февруари изнесува 7,1 отсто, наспроти 3,9 отсто колку што изнесувала истиот месец минатата година.   

 -Во однос на февруари 2022 година, најголем пораст на цените е забележан во групата „Храна и безалкохолни пијалаци“ со 13,5 отсто, потоа во групата „мебел, апарати за домаќинство и одржување на домот“ со 6,9, „хотели, кафулиња и ресторани“ со 5,5 отсто, „алкохолни пијалаци и тутун“ со 5,1, „облека и обувки“ со 4,4, „забава и култура“ со 3,4, „разни стоки и услуги“ со 3,2, „кирија, вода, гориво и енергија“ со 3,1, „образовна услуга“ со 2,3, „транспорт“ со 1,7, „комуникација“ со 1,2 и „здравство“ со 1 отсто, јави државната агенција АТА. 

Во групата на прехранбени производи, цените на подгрупата „млеко, сирење и јајца“ се зголемени за 28 отсто, потоа во подгрупите „масла и масти“ за 17.4 „риба“ за 16.3 „леб и жито“ за 15.2 , „месо“ со 13,8 „шеќер, џем, мед, чоколадо и печива“ со 13,2 , „зеленчук вклучувајќи и компири“ со 9,6 отсто итн. 

Највисоко ниво на инфлација во Албанија беше забележано во октомври минатата година, кога достигна 8,3 отсто, по што почна благо да се намалува. Така,  во ноември беше 7,9 во  декември 7,4 и во  јануари 7,2 отсто. вт/сд/  

 

Остани поврзан