• недела, 22 декември 2024

Фајненшл тајмс: Најголемите европски увозници на гас се подготвуваат за плаќање во рубљи

Фајненшл тајмс: Најголемите европски увозници на гас се подготвуваат за плаќање во рубљи
Лондон, 28 април 2022 (МИА) - Најголемите европски увозници на гас се подготвуваат да се согласат со барањето на рускиот претседател Владимир Путин да го платат гасот во руски рубљи, објави „Фајненшл тајмс“. Претходно, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека тој руски потег претставува „уцена“. Некои од најголемите европски енергетски компании се подготвуваат да го користат новиот систем за плаќање на рускиот гас што го бара Кремљ. Критичарите велат дека таквиот потег ќе ги поткопа европските санкции кон Русија, како и единството на Европската унија, и на крајот ќе одлее милијарди во руската економија. „Фајненшл тајмс“ пишува дека големите дистрибутери на гас во Германија, Австрија, Унгарија и Словачка планираат да отворат сметки во рубљи кај Газпромбанк во Швајцарија за да го исполнат барањето на Русија за плаќање на гасот во рубљи. Во оваа група спаѓаат двата најголеми увозници на руски гас - германскиот Унипер и австриската ОМВ. паг/

Остани поврзан