• петок, 20 декември 2024

Фати надвор од терените еден месец поради повреда

Фати надвор од терените еден месец поради повреда

Барселона, 13 ноември 2024 (МИА) - Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати, заработи повреда на задниот бутен мускул на десната нога за време на денешниот тренинг.

-Напаѓачот ќе пропушти приближно четири недели, се вели во соопштението на каталонскиот клуб.

Ова е втора повреда на 22-годишниот Фати оваа сезона. Во јули, фудбалерот го повреди стапалото, поради што го пропушти почетокот на сезоната.

Оваа сезона Фати одигра 4 натпревари во Ла Лига и нема постигнато гол. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан