Фатен бегалец од затвор осуден на петгодишна затворска казна, вратен во КПУ Идризово
- Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги вчера околу 21:15 часот на подрачје на Центар во Скопје го привеле Б.З.(24) од Тетово.
Скопје, 17 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги вчера околу 21:15 часот на подрачје на Центар во Скопје го привеле Б.З.(24) од Тетово.
Како што информира МВР, тој бил баран со потерница поради бегство од Казнено поправна установа- затвор „Идризово“ каде имал за доиздржување казна затвор во времетраење од една година и пет месеци за сторено кривично дело по член 237 ст.4 од Кривичниот законик, а за кое бил осуден на казна затвор од пет години.
Лицето е спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.вј/
Фото: МИА архива