• четврток, 04 јули 2024

Фатени дрвокрадци во ресенско

Фатени дрвокрадци во ресенско
Скопје, 12 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Ресен вчера во атар на с.Болно на месноста викана Речиште ресенско, одзеле возило „застава“ без регистарски таблички, управувано од Е. К.(34) од Ресен, натоварено со огревни дабови дрва без жиг и документација и возило „шкода фелиција“ без регистерски таблички, управувано од А. М. (19) од Ресен, исто така натоварено со огревни дабови дрва без жиг и документација. Од страна на вработените од ЈП„Национални шуми“ е извршено мерење на дрвата, по што возилата со дрвата се одземени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. ев/ МИА Фото: Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан