• среда, 03 јули 2024

Фатени дилери на дрога во Прилеп и Битола

Фатени дилери на дрога во Прилеп и Битола

Прилеп, 15 октомври 2022 (МИА) - Четири лица во Прилеп и едно во Битола полицијата приведе синоќа во периодот од 17 до 21 часот во три акции. Кај нив е пронајдена дрога. Од СВР Битола велат дека станува збор за дилери на дрога. По документирањето на трите случаи против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имено, при едната акција во Прилеп во 19 часот синоќа од улицата „Борка Талески“,  полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода 40-годишниот жител на Скопје со иницијали Г.Ј.  зашто при преглед на возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. А околу 21,50 часот синоќа на прилепската улица „Карпалак“ полицијата ги привела тројцата прилепчани со иницијали Г.С.(22), А.М.(24) и А.П.(21). При претрес на возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Г.С., а сопатници биле А.М. и А.П., била пронајдена и одземена марихуана.

Во акцијата во 17.30 часот во Битола, полицијата го лишила од слобода 21-годишен битолчанец со иницијали Д.К., зашто кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја.

По целосно документирање на случајот против сите ќе биде поднесен соодветен поднесок. ем/дма/

Остани поврзан