• петок, 22 ноември 2024

У21: Македонските фудбалери одиграа нерешено против Србија

У21: Македонските фудбалери одиграа нерешено против Србија
Лимасол, 22 ноември 2022 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година со два нерешени резултати го заокружи подготвителниот престој во Кипар, откако денеска одигра 1-1 против Србија, а со истиот резултат пред пет денови ремизираше и против домашната селекција. На дуелот против Србија избраниците на селекторот Драган Канатларовски поведоа во 20 минута со голот на Калкан, а противникот израмни во последната минута од првиот дел преку Митровиќ од пенал. Двата контролни натпревари против Кипар и Србија на селекторот Канатларовски ќе му помогнат да го оформи тимот за новиот евроквалификациски циклус, кој стартува во март идната година, а жрепката за составот на групите е закажана за 7 февруари. ег/ар/

Остани поврзан