• четврток, 05 септември 2024

У21: Македонските фудбалери вечерва на мегдан со Холандија

У21: Македонските фудбалери вечерва на мегдан со Холандија

 

Алмере, 5 септември 2024 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година вечерва на гостински терен против Холандија ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство 2025.

Натпреварот во Алмере е закажан со почеток во 20 часот.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски се петтопласирани во групата Ц со шест бодови од исто толку натпревари, а домаќинот Холандија е лидер со максимални седум победи.

Македонската репрезентација во септемврискиот циклус ќе одигра уште еден натпревар од квалификациите на гостински терен против селекцијата на Гибралтар.

Европското првенство во 2025 година ќе се одржи во Словачка. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан