• среда, 18 декември 2024

У20: Македонските кошаркари ја совладаа В. Британија за место во полуфиналето на ЕП во Скопје

У20: Македонските кошаркари ја совладаа В. Британија за место во полуфиналето на ЕП во Скопје

Скопје, 14 јули 2023 (МИА) -  Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години избори пласман во полуфиналето на Европското првенство од Б дивизијата во Скопје, откако вечерва ја совлада Велика Британија со 66-49. 

Македонските кошаркари го контролираа резултатот од самиот почеток на четвртфиналниот дуел во СРЦ Кале и на полувреме имаа предност од 33-21.
Британците се доближија на минус четири поени негатива (40-36) во завршницата на третата четвртина, кога македонската репрезентација повторно влезе во ритам и без проблеми го приведе натпреварот до самиот крај. 

Андреј Митревски со 17 поени беше најефикасен во македонската репрезентација, која за противник во полуфиналето ќе го има победникот од четвртфиналниот дуел меѓу Холандија и Украина. 

Со евентуален триумф во следниот натпревар македонските кошаркари ќе обезбедат враќање во елитната А дивизија. ег/ир

Фото: КФСМ

Остани поврзан