• петок, 22 ноември 2024

У19: Македонските футсалци ги дознаа противниците во евроквалификациите

У19: Македонските футсалци ги дознаа противниците во евроквалификациите

 

Нион, 31 октомври 2024 (МИА) – Македонската футсал репрезентација до 19 години ќе игра против Естонија и Гибралтар во рамки на прелиминарната група Ц на стартот од квалификациите за пласман на Европското првенство 2025, одлучено е денеска со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Прелиминарните квалификации ќе се одиграат од 21 до 16 јануари идната година, а само првопласираните репрезентации од трите групи напролет ќе ги продолжат евроквалификациите во главната фаза.

Победникот од прелиминарната група Ц во главната фаза ќе биде дел од групата 6 во која се домаќинот Чешка, Полска и Грција.

Домаќин на Европското првенство во футсал за играчи до 19 години, четврто по ред, ќе биде Молдавија од 28 септември до 5 октомври идната година. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан