• недела, 22 декември 2024

У19: Македонските фудбалерки ги дознаа противниците во квалификациите за ЕП

У19: Македонските фудбалерки ги дознаа противниците во квалификациите за ЕП

 

Нион, 7 јуни 2024 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ќе игра во група со Португалија, Франција и Словачка во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година.

Ова е одлучено со денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Македонските фудбалерки се најдоа во групата А2, а домаќин на квалификацискиот турнир ќе биде Португалија од 27 ноември до 3 декември.

Домаќин на ЕП ќе биде Полска во јуни идната година.

Пласман на завршниот турнир, покрај домаќинот, ќе обезбедат победниците во седумте квалификациски групи. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан