• недела, 07 јули 2024

У19: Македонските фудбалери поуспешни од Црна Гора во реваншот

У19: Македонските фудбалери поуспешни од Црна Гора во реваншот

 

Скопје, 23 мај 2024 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ја совлада попладнево Црна Гора со 2-1 во рамки на вториот контролен натпревар помеѓу двете селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“, во Скопје.

Македонските млади фудбалери по првиот дел имаа негатива, но со одлична игра во второто полувреме постигнаа два гола и успеаја да слават победа.

Црна Гора прва поведе преку Заковиќ во 26. минута. Гаштаров во 73 минута го израмни резултатот, а победата за македонската селекција ја донесе Алмир Подграѓа во 86 минута.

На првиот натпревар што се одигра во вторникот, Црна Гора триумфираше убедливо со 5-1. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан