У18: Минимален пораз на македонските фудбалери од Словачка
- Македонската фудбалска репрезентација до 18 години загуби со 1-0 од соодветната селекција на Словачка на вториот контролен натпревар одигран денеска во Дунајска Стреда.
Дунајска Стреда, 2 октомври 2025 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 18 години загуби со 1-0 од соодветната селекција на Словачка на вториот контролен натпревар одигран денеска во Дунајска Стреда.
Погодокот за победа на домаќините го постигна Давид Полтај во 57. минута.
На првиот натпревар, одигран во вторникот во Дунајска Стреда, македонските фудбалери одиграа нерешено 2-2 против Словачка. ег
ФОТО: ФФМ