У18: Македонските фудбалери ремизираа на гостувањето во Баку
- Македонската машка фудбалска репрезентација до 18 години го одигра денеска првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Азербејџан, ремизирајќи без голови на дуелот во Баку.
Баку, 24 март 2023 (МИА) – Македонската машка фудбалска репрезентација до 18 години го одигра денеска првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Азербејџан, ремизирајќи без голови на дуелот во Баку.
Македонија и Азербејџан одиграа тврд натпревар, без премногу простор за игра, со внимателна одбрана и без премногу можности за постигнување погодок.
Најзрелите шанси Северна Македонија ги имаше преку Зенделовски во првото полувреме, а во продолжението Ѓоргиевски и Ливарека беа непрецизни.
Вториот контролен дуел овие две селекции ќе го одиграат на 27 март со почеток во 15 часот. ег/бак/
Фото: ФФМ