• петок, 22 ноември 2024

У18: Двоен пораз на македонските кошаркарки на гостувањето во Грција

У18: Двоен пораз на македонските кошаркарки на гостувањето во Грција

Солун, 22 јуни 2023 (МИА) – Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години претрпе порази на двата контролни натпревари кои оваа недела ги одигра против Грција во Солун, во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство во б дивизијата.

Во ослабен состав без Михаела Алексовска, Марија Николов и Милица Николиќ, македонската репрезентација на првиот натпревар одигран во вторникот беше поразена со 69-29, додека ден подоцна Грција беше поуспешна триумфирајќи со 83-33.

Македонските кошаркари ќе одиграат контролен натпревар против Бугарија на гостински терен на 27 јуни, три денови пред почетокот на Европското првенство чиј домаќин ќе биде Софија.

Македонските кошаркарки ќе бидат дел од групата А заедно со селекциите на Хрватска, Данска, Исланд и Холандија. ег/дма/

Фото: КФСМ

Остани поврзан