• четврток, 21 ноември 2024

У17: Македонските фудбалерки со триумф над Словенија го отворија турнирот во Италија

У17: Македонските фудбалерки со триумф над Словенија го отворија турнирот во Италија

 

Градишка, 12 септември 2024 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години со победа стартуваше на силниот меѓународен турнир во Италија, откако денеска ја совлада Словенија со 3-2 (1-1).

Головите за Македонија ги постигнаа Грозданова во 18 минута, Галабовска (50) и Емини (85).

На спротивната страна Шрот ги постигната двата гола за Словенија, во 28 и 75 минута.

Избраничките на селекторот Катерина Милеска на турнирот во Италија ќе одиграат контролни натпревари и против домашната репрезентација и селекцијата на Албанија.

Турнирот во Италија е во рамки на подготовките на македонската репрезентација до 17 години за ноемвриските евроквалификации против Литванија, Андора и Унгарија.

Домаќин на квалификацискиот турнир од 2 до 8 ноември ќе биде Унгарија. ег ФОТО: ФФМ

 

Остани поврзан