• недела, 22 декември 2024

УЈП: Поднесувањето на ДДВ-04 се одвива без застој

УЈП: Поднесувањето на ДДВ-04 се одвива без застој

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - Поднесувањето на даночните пријави за данокот на додадена вредност се одвива непрекинато и без застој. Во текот на вчерашниот ден, 523 даночни обврзници ја поднеле даночната пријава - образец ДДВ-04 и ја исполниле даночната обврска за пријава на ДДВ за даночниот период 01.07.2024-31.07.2024 година, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Како што посочуваат, во Скопје од очекувани 3.462 до денеска ДДВ-04 пријава поднеле 815 даночни обврзници или 23,54 отсто, во Битола од очекувани 735 до сега даночни пријави поднеле 109 даночни обврзници или 14,83 отсто, во Прилеп од очекувани 650 до сега даночни пријави поднеле 93 даночни обврзници или 14,31 отсто, во Струмица од очекувани 719 до сега даночни пријави поднеле 135 даночни обврзници или 18,78 отсто, во Тетово од очекувани 728 до сега даночни пријави поднеле 210 даночни обврзници или 28,85 отсто, во Штип од очекувани 823 до сега даночни пријави поднеле 174 даночни обврзници или 21,14 отсто, во другите даночни одделенија во државата од очекувани 290 до сега даночни пријави поднеле 59 даночни обврзници, или 20,34 отсто.

На државно ниво до денеска од вкупно 7.407 даночни обврзници даночната обврска за пријава на ДДВ за даночниот период 01.07.2024-31.07.2024 година до сега ја исполниле 1.595 даночни обврзници, односно 21,53 отсто.

Од Управата за јавни приходи апелираат и ги повикуваат сите даночни обврзници и сметководители со време да ја исполнат даночната обврска.вј/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан