• понеделник, 23 декември 2024

УЈП: Награден конкурс по повод „Св. Матеј“ за сите средношколци кои учествуваат во фискалната едукација за младите

УЈП: Награден конкурс по повод „Св. Матеј“ за сите средношколци кои учествуваат во фискалната едукација за младите

Скопје, 29 октомври 2024

Управата за јавни приходи (УЈП) ги отпочна активностите во рамки на проектот „Фискална едукација на младите“.  На средбите училиштата и учениците се запознаа со можноста за учество во конкурсот кој се организира  по повод „Св. Матеј“ – Денот на даночни работници, кој традиционално се одбележува на 29 – ти Ноември.

Сите учесници во  проектот „Фискална едукација на младите“ кои сакаат да учествуваат на наградниот конкурс ќе треба да креираат видеа на тема „Данок плати – во иднина да ти се врати“во кои  на креативен начин ќе ја покажат  улогата која има Управата за јавни приходи и ќе ја истакнат важноста и значењето на даноците.

Во рамки на проектните активности, учениците од Средното економско-правно училиште „Васил Антевски – Дрен“, ја посетија  Регионалната дирекција на УЈП во Скопје, а даночни службеници од УЈП одржаа едночасовни предавања за учениците од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ во Битола и „Гоце Стојчески“ во Тетово.

На средбите учениците имаа можност да разговараат и да се информираат за различните видови даноци како и за постапките за нивно плаќање. Со помош на даночната администрација, тие се запознаа и со процесите на обработка на пријавите и научија како правилно да управуваат со своите даночни обврски. Посебен акцент беше ставен на важноста кон даночната усогласеност во однос на данок на доход, данок на додадена вредност, данок на личен доход, како и нивната улога во економијата.

Учениците од Средното економско-правно училиште „Васил Антевски – Дрен“ имаа можност преку обиколка да видат како течат работните и даночните процеси и обработката на даночните документи.

Учениците од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ во Битола и  „Гоце Стојчески“ во Тетово, имаа можност низ разговори и со визуелни материјали, да се запознаат со даночниот систем и процесот на прибирање на даноците.

На средбите, даночните службеници преку интерактивни примери им помогнаа на учениците теоретското знаење да го  поврзат со реалните економски и сметководствени практики.

Целта на проектот „Фискална едукација на млади“ е да ги запознае учениците од средните училишта со основните принципи на даночниот систем и да создаде свесни и одговорни граѓани кои ја разбираат важноста на даночната усогласеност и кои ќе можат активно да учествуваат во економијата.

Управа за јавни приходи

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: УЈП

Остани поврзан