• петок, 22 ноември 2024

УЈП ги повикува даночните обврзници навреме да поднесат ДДВ пријави за јули

УЈП ги повикува даночните обврзници навреме да поднесат ДДВ пријави за јули

Скопје, 9 август 2024 (МИА) - Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници да поднесат даночни пријави за Данокот на додадена вредност (ДДВ) за јули годинава и порачува дека очекува вкупно 7.407 даночни обврзници да ја исполнат оваа обврска.

-ДДВ пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет. Рокот за поднесување на пријавата истекува на 25 август, но бидејќи недела е неработен ден, последниот ден за поднесување ќе биде 26 август во понеделник, посочуваат од УЈП.

Управата им препорачува на даночните обврзници да не го чекаат последниот ден за поднесување на даночните пријави,  туку да поднесат што поскоро со цел да ги избегнат последиците од ненавремено поднесување и плаќање на даночните обврски.

Од УЈП посочуваат дека досега најмногу пријави се поднесени од обврзниците од Тетово, а најмалку од Прилеп. вј/аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан