• вторник, 05 ноември 2024

Уште 67 заразени на крузерот „Дајмонд принцес“

Уште 67 заразени на крузерот „Дајмонд принцес“

Токио, 15 февруари 2020 (МИА) - Уште 67 лица на крузерот „Дајмонд принцес“, вкотвен во близина на јапонското пристаниште Јокохама, се позитивни на новиот коронавирус, соопшти денеска јапонскиот министер за здравство, Кацунобу Като.

Со тоа бројот на заразени на бродот, на кој има околу 3.700 патници и членови на екипажот, се зголеми на 286 лица.

Крузерот е во карантин од 4 февруари, откако беше откриено дека патник, кој слезе од бродот во Хонг Конг, бил заразен со новиот коронавирус.

Претходно, Стејт департментот соопшти дека ќе ги евакуира околу 380 Американци од крузерот „Дајмонд принцес“, откако ќе биде укинат карантинот на 19 февруари. ми/

Остани поврзан