• сабота, 23 ноември 2024

Уште три случаи на свински грип во Германија

Уште три случаи на свински грип во Германија
Берлин, 27 октомври 2020 (МИА) - Уште три случаи на африкански свински грип се потврдени кај диви свињи во источна Германија, во регионот Бранденбург, соопшти денеска Министерството за земјоделство. Досега се потврдени 94 случаи на свински грип, кој првпат беше регистриран на 10 септември. Ниту едно животно на фармите не е заразено од вирусот, кој го има само кај дивите животни. Кина и другите азиски купувачи на свинско месо забранија увоз од Германија, веднаш по пријавувањето на првиот случај. Поради тоа, цената на кинеското свинско месо се зголеми, додека цената на германското свинско месо се намали. Сепак, Германците ја стабилизираа цената со зголемен извоз на свинско месо во земјите од Европската унија. паг/  

Остани поврзан