• четврток, 03 октомври 2024

Училиштата во Израел остануваат затворени, почнува учењето на далечина

Училиштата во Израел остануваат затворени, почнува учењето на далечина

Ерусалим, 10 октомври 2023 (МИА) - Училиштата ширум Израел ќе останат затворени утре, но дадено е одобрение да започне учењето на далечина, соопшти денеска израелското Министерство за образование.

-По безбедносната проценка во согласност со упатствата на командата на Домашниот фронт, Министерството за образование објавува дека утре нема да има образовни активности во училиштата низ целата земја, се вели во соопштението на Министерството.

Се додава дека е одобрено учење на далечина, како она што беше на сила за време на пандемијата на коронавирусот. мс/

фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан