Учество на министерот Муцунски на 19-тиот Самит на Франкофонијата во Франција
- Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе учествува на 19-тиот Самит на Меѓународната Организација на Франкофонијата, кој по 33 години се одржува во Франција.
Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе учествува на 19-тиот Самит на Меѓународната Организација на Франкофонијата, кој по 33 години се одржува во Франција.
Како што соопштија денеска од МНР, Самитот ќе започне со работа денеска во Villers-Cotterêts, гратче во северна Франција, целосно посветено на францускиот јазик и франкофонската културна разновидност, инаугурирано на 30 октомври минатата година од страна на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Самитот ќе продолжи со работа во Париз на 5 октомври 2024 година.
Темата на дискусиите на самитот ќе биде „Создавај, иновирај и преземај на француски јазик“.
На маргините на Самитот, најавено е дека министерот Муцунски ќе оствари повеќе билатерални средби. цр/дма/
Фото: МИА архива