• понеделник, 23 декември 2024

Учесниците на ултрамаратонот „Артерија на Арбр“ пристигнаа во Дебар

Учесниците на ултрамаратонот „Артерија на Арбр“ пристигнаа во Дебар
Дебар, 26 јули 2020 (МИА) - Учесниците на ултрамаратонот „Артерија на Арбр“ доцна попладнево пристигнаа во Дебар. Тие беа пречекани во центарот на градот на плоштадот „Скендер-бег“, од поголем број граѓани и претставници на локалната власт, предводени од градоначаланикот Хекуран Дука. - Ви посакувам топло добредојде, пријатни мигови во Дебар, чии жители се познати по нивната гостопримливост. Ви чиститам на вашата одлука и истрајност да минете толку долг пат. Честитки и уште многу вакви подвизи, рече меѓу другото Дука. Маратонците и присутните граѓани ги поздрави и новоизбраната пратеничка од Дебар во македонскиот законодавен дом Арбана Пашоли. Оваа активност ја организира „Маратон Албанија“, а учествуваа главно жители на Тирана од различна возраст, меѓу нив и неколку чии предци потекнуваат токму од Дебар. Маратонците тргнаа вчера од плоштадот „Скендер-бег“ во Тирана и минаа пат во должина од 116 километри преку атрактивна природа. Организаторот за нив обезбедил вода, храна, како и присуство на лекар во текот на целото време. На учесниците им беа доделени признанија и медали. Инаку, в година треба да заврши изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“ (патот на Арбар) со чија изградба оддалеченоста меѓу Тирана и Дебар се скусува за повеќе од 100 клометри и ќе изнесува 72 километра. вт/сп/

Остани поврзан