• недела, 07 јули 2024

Учесниците на пропалестинскиот протест во Берлин побараа крај на војната во Појасот Газа

Учесниците на пропалестинскиот протест во Берлин побараа крај на војната во Појасот Газа

Берлин, 23 декември 2023 (МИА) - Во Берлин денеска се одржуваат пропалестински демонстрации со учество на околу 1.500 луѓе кои повикаа на прекин на војната во Појасот Газа, јави ДПА.

Демонстрантите маршираа под слоганот „Солидарност со Палестина“ од областа Кројцберг во главниот град на Германија до Бранденбуршката порта во центарот на градот.

Организаторите регистрираа протест со 5.000 луѓе, но полицијата соопшти дека нивниот број е околу 1.500. Портпаролот на полицијата изјави дека демонстрациите биле мирни.

Учесниците повикаа на слобода за Палестина, веејќи палестински знамиња и извикуваа: „Стоп за убиствата, запрете ја војната, запрете го геноцидот во Газа“.

Протестот го повика берлинскиот огранок на опозициската партија „Левица“. Тој ја повика германската влада да работи на итен и траен прекин на огнот и да ја укине блокадата на Појасот Газа. „Левичарите“ инсистираа и на прием на хуманитарна помош во Газа за цивилното население. паг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан