• петок, 05 јули 2024

Ученички фирми во Варна ги претставуваат своите високотехнолошки и зелени идеи за иднината

Ученички фирми во Варна ги претставуваат своите високотехнолошки и зелени идеи за иднината

Варна, 4 април 2023 (МИА) – Ученички фирми денеска во Варна ги презентираат своите високотехнолошки и зелени идеи за подобрување на секојдневниот живот и иднината на луѓето. Нивните презентации се во рамките на првото полуфинале на конкурсот за претприемачко размислување и начин на работа на „Јуниорски достигнувања Бугарија“. На натпреварот денеска учествуваат 29 образовни компании од источните и централните делови на државата. Домаќин на натпреварот е Економскиот универзитет во Варна.

Второто полуфинале годинава ќе се одржи на 7 април во Софија, каде ќе бидат претставени 46 ученички фирми.

Претставникот на „Јуниор ачивмент Бугарија“, Јордан Стојанов за БТА посочи дека финалната фаза на натпреварот ќе се одржи во јуни во Пловдив. Победникот ќе ја претставува земјата на европскиот натпревар во јули во Истанбул и ќе се бори за титулата „Најдобрата ученичка фирма во Европа“.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

-Во жирито, кое ги оценува развојот на учениците, членуваат деловни експерти со искуство во маркетинг и продажба, додаде Стојанов.

Неговото мислење е дека младите Бугари имаат талент за претприемништво и неверојатни идеи кои би можеле да ги развијат како вистински бизнис. Главните пораки на менторите кои работат со учениците се дека не треба да се откажуваат, дека ако се трудат ќе успеат, додаде Стојанов. Според него, младите не треба да се плашат од неуспех, бидејќи секој пад е всушност чекор кон победата.

Во однос на едукативните содржини за развој на деловните вештини на децата кои се изучуваат на училиште, експертот посочи дека дефинитивно треба да се ажурира. Според него, надежта лежи во амбициозните наставници и бизниси кои ги поддржуваат идеите на младите и им помагаат да го најдат нивното исполнување.

Голем дел од ученичките форми што учествуваат на натпреварот во Варна денеска презентираа иновативни зелени идеи. Тимот од средното стручно училиште за ветеринарна медицина во Добрич се пофали со сопствено производство на шафран и лекови од егзотичното растение. Покрај тоа, младите се претставија со „Готвач за тинејџери“ со свои рецепти.

Учениците од училишната фирма „Бетер Јуниор“ од Плевен акцентот го ставија врз психолошкото здравје на младите. Десеттоодделенецот Лука Гешев рече дека пред да ја креираат својата страница за онлајн за психолошка поддршка, тие направиле анкета меѓу своите врсници и откриле дека многумина имале проблеми да воспостават контакт со луѓето од нивното опкружување.

Учениците на трговската гимназија во Варна ја истакнуваат циркуларната економија. Десетоооделенката Ивана Иванова ги претстави свеќите развиени од тимот на ученичката фирма, изработени од пчелин восок и памучен фитил, целосно синхронизирани со природата.

Неколку ученички фирми од стручното ИТ гимназија во Варна презентираа високотехнолошки достигнувања. Десеттоодделенецот Самуил Великов, лидер на еден од тимовите, покажа водо-електричен агрегат кој ги намалува трошоците за струја. Според него, објектот ќе биде применлив и во претпријатија и во големи станбени блокови.

Ученичката фирма предводена од десетоооделенецот Симеон Радански се пофали со еден вид батерија која кинетичката енергија при возење велосипед ја претвора во електрична енергија. Уредот е поставен на багажникот за велосипедот и може да полни телефони и други паметни уреди. Исто така, има способност да складира енергија како батерија. Радански и неговиот тим објаснија дека слични уреди се достапни на Интернет за 100 долари, нивниот развој е со поквалитетни табли и по цена од околу 50 лева.

_________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

 

Остани поврзан