• понеделник, 23 декември 2024

Учениците во Херцег Нови четири недели не одат на училиште поради лажни дојави за бомби

Учениците во Херцег Нови четири недели не одат на училиште поради лажни дојави за бомби

Подгорица, 8 март 2024 (МИА) - Учениците од средното мешано училиште „Иван Горан Ковачиќ“ во Херцег Нови четири недели не посетуваат настава поради секојдневните лажни дојави за поставени бомби.

Советот на родители на училиштето бара надлежните да најдат начин како да се осигура безбедноста на учениците и наставниците во училишната зграда.

Советот апелираше до надлежните да направат нешто, да одговорат и да најдат решение кое ќе им овозможи на учениците и наставниците да се вратат на настава.

-Почнуваат матурските и стручните испити, завршува третиот период на класификација, на крајот на овој месец децата не ни се на училиште. Мислам дека тоа е најосновното право што го имаат, изјави претседателката на Советот на родители, Жељка Чепиќ, пренесуваат црногорските медиуми.

Итни повици до надлежните упатија и училишниот одбор, училишната управа и општина Херцег Нови. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан