• понеделник, 06 мај 2024

Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност

Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност

Скопје, 26 април 2024 (МИА)  - Времето денеска претпладне ќе биде претежно ведро и наместа постудено. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време. дма/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан