• среда, 09 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Утре четврто издание на трката „Семос Едукација Водно 10км“

Утре четврто издание на трката „Семос Едукација Водно 10км“

Скопје, 29 март 2025 (МИА) - Атлетскиот клуб Фортиус од Скопје во соработка со Семос Едукација утре го организира четвртото издание на трката "Семос Едукација Водно 10К" на која учество ќе земат 400 натпреварувачи.

Стартот на трката е во 10 часот на долниот паркинг на Средно Водно, а рутата на движење на атлетската трка е по асфалтниот пат (Р2138) до манастирот „Св.Пантелејмон“ и назад со вкупна должина од 9,6 км. 

Покрај трката од 10 км, ќе се трча и штафетна трка. Оваа делница ќе биде затворена за сообраќај од 06:00 до 13:00 часот.

За сите учесници Семос Едукација ќе обезбеди вредносни ваучери за кратки обуки за возрасни и деца, а победниците ќе добијат парични награди и вредносни ваучери за Семос Академии.

За натпреварувачите е обезбеден беплатен превоз кој ќе се обраќа од основното училиште „Кочо Рацин“ до паркингот на средно Водно, а после завршувањето на настанот по обратен редослед. зс/

Остани поврзан