• среда, 12 февруари 2025

Од утре стабилно време со позитивни дневни температури

Од утре стабилно време со позитивни дневни температури

Скопје, 16 јануари 2025 (МИА) - Од утре ќе преовладува стабилно време со позитивни дневни температури кои ќе
бидат во постепен пораст.

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -8 степени. По котлините ќе има појава на магла и во долините, каде дневните температури ќе останат пониски.

Од понеделник се очекува зголемување на облачноста. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан