• вторник, 24 декември 2024

Утре премиера на турската серија „Балканска приказна” што се снима во Скопје

Утре премиера на турската серија „Балканска приказна” што се снима во Скопје
Скопје, 20 јуни 2022 (МИА) - На турската телевизија ТРТ1 утре ќе се одржи премиера на првата епизода од турската серија „Балканска приспивна песна“ (Balkan Ninnisi), која се снима низ локациите во Скопје. Гала промоција на серијата ќе се одржи и во Скопје, со прикажување на првата епизода утре, во Куршумли ан во Старата скопска чаршија. Во тек е снимањето на втората епизода, а предвидено е да се снимаат 11. Серијата ќе се прикажува и со македонски превод, а доколку во Турција се здобие со висок рејтинг, ќе се снимаат повеќе епизоди. Снимањето се одвива во Скопје, но тимот на серијата размислува да продолжи со снимање и низ локациите во Охрид, Битола и другите градови. Во серијата „Балканска приказна“ главните улоги се на Ердал Озијаџилар, Озлем Туркад, Емре Беј и Мерих Озтурк, во продукција на Јалчин Ари и Угур Узунок, а режијата е на Доан Умит Караџа и Волкан Капкин. Освен нив, како актерски имиња се појавуваат и Хакан Бојав, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чиаџи, Џан Колукса, Дениз Ѓуркан, Емине Халил, Сулејман Кара, Ерман Шабан, Каан Тургут, Бурак Рахман. Во серијата во споредни улоги настапуваат и македонски актери. -Кога почнавме да работиме веднаш се вклопивме во амбиентот. За снимање на оваа серија добивме голема поддршка од македонските институции. Најнапред добивме поддршка од Министерството за култура, од безбедносните служби, полицијата и другите институции како и општините кои ни дадоа дополнителен поттик уште подобро да ја сработиме нашата работа. Тоа е една од причините заради која се одлучивме да го работиме овој проект тука, рече на денешната средба со медиумите режисерот Доан Умит Караџа. Тој напомена дека за време на снимањето посветувале големо внимание да има и македонски елементи во серијата, за да им ја доближат македонската култура до публиката. Хакан Бојан, еден од главните актери во серијата кој ја игра улогата на Даниел на денешната средба со медиуми посочи дека не му е тешко да се прилагоди на улогата на Македонец, бидејќи како што вели, македонските и турски култури се прилично блиски. -Пред да почнеме со снимање направивме мали истражувања околу начинот на живот на македонскиот народ и околу тоа за каков народ се работи. Се подготвив за улогата на македонско семејство со македонски начин живот. Нема голема разлика освен тоа што македонското семејство има поразличен начин на облекување и на однесување. Разликите се мали, но ми се допадна улогата на татко во македонското семејство. Во серијата се отсликуваат делови од животот на две семејства, турско и македонско кои живеат од двете страни на реката Вардар, доловувајќи ги шарените културни традиции на два различни народи.бт/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан