• петок, 28 јуни 2024

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

Скопје, 30 септември 2023 ( МИА) -   Во Скопје, утре ќе биде спроведен посебен режим на сообраќај, поради одржување на „Скопскиот маратон 2023“ , со почеток од 08:00 часот. 

Трасата на движење, информираат од МВР,  ќе започне од Собранието на РСМ , право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, полукружно на крстосницата помеѓу бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и назад по истата траса до целта - Собрание на РСМ на ул.„11 Октомври“.

-Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува кон околните сообраќајници, соопштија  од МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката. љм/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан