• четврток, 18 јули 2024

Утре во Ѓаковица заедничка седница на владите на Албанија и Косово 

Утре во Ѓаковица заедничка седница на владите на Албанија и Косово 

Тирана, 13 јуни 2023 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама и членовите на неговиот кабинет попладнево отпатуваа за Косово каде утре во Ѓаковица ќе биде одржана заедничка седница со косовската Влада, јавија албанските медиуми.

Оваа, деветта по ред заедничка седница на двете влади,  по која ќе бидат потпишани 14 документи  меѓу кои меморандумот за разбирање за спречување на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот, како и договорот во врска со „олеснувањето на процедурите за минување транзит на армискиа стока за цели и потреби на двете држави".

Ова ќе биде прва средба на премиерите Еди Рама и Албин Курти по предлог-статутот за формирање Заедница на српски општини предложен од Рама.

По одвоената средба Курти-Рама и на двете влади во 12:45 часот е предвидена прес-конференција на двајцата премиери.

Првата заедничка седница на владите на Албанија и на Косово беше одржана во јануари 2014 во Призрен кога на чело на владите веат Рама и Хашим Тачи. вт/сд/

Остани поврзан