• вторник, 05 ноември 2024

Утре во Кочани ќе се спроведе третата фаза од третманот против комарците

Утре во Кочани ќе се спроведе третата фаза од третманот против комарците

Кочани, 7 август 2024 (МИА) – Локалната самоуправа на Кочани утревечер ќе ја спроведе третата, завршна фаза од овогодишната кампања за третман против комарците на територијата на општината.

Според известувањето од општинските служби, ќе се прска од земја на површина од 300 хектари во Кочани и во селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третирањето ќе го изведе стручна екипа на компанијата „Лиса ком“ од Кавадарци, при што ќе користи воднорастворлив широкоспектарен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.

-За третманот против комарците ќе се користи т.н. УЛВ апаратура со која се врши ладно запрашување. Пред возилото во кое се наоѓа уредот за прскање ќе се движи друго возило како предупредување за минувачите и другите возила, нагласуваат од
Општина Кочани.

Доколку во периодот на третирање се појават неповолни временски услови со ветер или дожд, третирањето ќе се одложи за следниот поволен ден. та/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан