• вторник, 24 декември 2024

Утврдена програмата за работа на Културно информативен центар - Битола

Утврдена програмата за работа на Културно информативен центар - Битола

Битола, 24 декември 2024 (МИА) - Советот на Општина Битола донесе одлука со која е утврдена програмата за работа на Јавната општинска установа Културно информативен центар - Битола, во чија надлежност се работата на Офицерски дом и кино „Манаки“.

Во 2025 година КИЦ-Битола ќе се потпира на главните столбови за работа, односно сценско-уметничка дејност, музичка дејност, издавачка дејност, филмска, галериска и дејност за посредување во културата.

Новини во работата на КИЦ-Битола се литературно матине, пладне посветено на бардовите на литературното творештво, промоција на книги на македонски автори, а на почетокот од годината ќе бидат организирани и интерактивни работилници за деца и млади за поттикнување читање и творештво.

Во новата година КИЦ ќе продолжи да ги негува и организира традиционаалните манифестации „Ех, таа серенада“, „Ден на пијаното“, „Музички маратон“ и други музички настани, а во областа на сценско-уметничката дејност ќе бидат застапени манифестациите „Млада  креативна Битола“, работилница за поттикнување и развој на уметничко претприемништво и „Битолски танци“.

Во битолскиот Офицерски дом во текот на годината ќе биде отворен „Парк на скулптурите“ , а менаџментот најавува и активна вклученост за туристичка промоција на културното наследство на Битола. мт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан