• понеделник, 23 декември 2024

Уставниот суд поведе постапка за „балансерот“

Уставниот суд поведе постапка за „балансерот“

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Уставниот суд денеска на седница ја прифати иницијативата на Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, која поведе постапка за укинување на „балансерот“ односно алатката за вработување во јавниот сектор според етничката припадност. 

Портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска изјави дека Судот по неколкучасовна расправа поведе постапка за одредби од законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор, односно одредби од акти кои беа оспорени од страна на Државната комисија за спречување на корупција. 

Судот ги оцени наводите на Комисијата како основани, но и ги прошири сомнежите за неуставноиста и незаконитост и за други одредби и по сопствена иницијатива поведе постапка за одредби од истите закони но и за поднзаконски акти кои произлегуваат од нив, рече Беловска.  ев/са/

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан