• петок, 22 ноември 2024

Уставниот суд на Тајланд нареди распуштање на антисистемската опозициска партија „Движење напред“

Уставниот суд на Тајланд нареди распуштање на антисистемската опозициска партија „Движење напред“

Бангкок, 7 август 2024 (МИА) - Уставниот суд на Тајланд нареди распуштање на популарната антисистемска опозициска партија „Движење напред“ (ДН).

Причината за одлуката беше кампањата на ДН за промена на законот за заштита на монархијата од критики.

Забраната за партијата, која победи на изборите во 2023 година, е уште еден удар за главните политички партии во Тајланд, кои веќе две децении водат нерамноправна битка со моќните непријатели, вклучувајќи конзервативни сили, богати стари семејства и ројалистички генерали.

Одлуката беше донесена шест месеци откако истиот суд му наложи на Народното собрание да се откаже од намерата да промени друг закон, оној за навреда на величественоста (на кралските личности), со образложение дека таквата промена во законодавството би била неуставна и се заканува да ги поткопа темелите на системот на владеење во Тајланд, каде што кралот е шеф на државата. Партијата ги отфрла овие мотиви.

Како што наведуваат странските агенции, иако неговото распуштање веројатно ќе налути милиони млади и урбани гласачи кои ја поддржаа ДН и нејзината прогресивна агенда, не се очекува дека последиците ќе бидат толку далекусежни, бидејќи само 11 сегашни и поранешни членови на раководството на партијата добија десетгодишна забрана да се занимаваат со политика.

Тоа значи дека 143-те пратеници на ДН ќе ги задржат своите места во парламентот. Се очекува тие да се спојат во нова партија, како што направија во 2020 година кога претходникот на ДН, Партијата на иднината, беше распуштена поради кршење на правилата за финансирање на предизборната кампања. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан