• петок, 05 декември 2025

Уставниот суд на Романија ги потврди резултатите од првиот круг од претседателските избори 

Уставниот суд на Романија ги потврди резултатите од првиот круг од претседателските избори 

Букурешт, 9 мај 2025 (МИА) - Уставниот суд на Романија денеска ги потврди резултатите од првиот круг од претседателските избори, одржани на 4 мај, на кои, според изборната комисија, победи екстремниот десничар Ѓорѓе Симион, а во вториот круг, што ќе се одржи на 18 мај, влезе и независниот кандидат, градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан. 

Во соопштението, судот наведува дека едногласно ги потврдил резултатите од првиот круг на изборите за претседател на Романија, како и дека го отфрлил како неосновано барањето за поништување на првиот круг избори поднесено од претседателскиот кандидат Себастијан-Константин Попеску, објави „Аџерпрес“. 

Централното изборно биро (ЦЕБ) пред три дена ги објави конечните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои Симион добил 3.862.761 глас или 40,96 проценти, а Никушор Дан 1.979.767 гласови или 20,99 проценти. 

Откако Уставниот суд на Романија ги потврди резултатите од првиот круг од претседателските избори, официјално започнува изборната кампања за вториот круг.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан